Македонија
Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија
09.07.2025 14:52
Со 461 глас за, 121 против и 107 воздржани, Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но го избриша од него македонскиот идентитет и јазик...

Со 461 глас за, 121 против и 107 воздржани, Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но го избриша од него македонскиот идентитет и јазик.
Во гласањето за амандманите поднесени од бугарските европратеници во кои се бараше нивно отстранување од текстот претходно беше обезбедено потребното мнозинство од трите најголеми партии, со што овие амандмани поминаа.
Расправата, за овој извештај се одржа синоќа во која известителот Томас Вајц бараше поддршка за Македонија.
