Собрание

Предлогот за интерпелација на претседателот на Уставниот суд, на дневен ред во Собранието

09.07.2025 17:19

Во Собранието симната од дневен ред точката за интерпелација на претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски. Мнозинството вели дека судската власт е независна и не смее да се крши законот, опозицијата укажа на веќе направениот преседан со интерпелациите за Судскиот совет...

Интерпелацијата за претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски на собраниска седницата стигна по иницијатива на Европскиот фронт. Според нив, Костадиновски не ги почитувал законот за јазици и законот за Уставниот суд со кој им се забранува на судиите да даваат свое мислење за активни предмети. Мнозинството сметаше дека оваа точка воопшто не требало да се најде воопшто на дневен ред, бидејќи судската е посебна власт.

Од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ веќе направиле преседан со интерпелациите на членовите на Судскиот совет.

Против секој носител на јавна функција може да се поднесе интерпелација тврдат од Левица.

Во реакцијата од Уставниот суд пак се наведуваше дека тие не одговараат за своето работење пред законодавниот дом. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки, акти и дејствија.

 

Александра Велинова