Почна изградбата на цевководот за природен гас кон Грција
Почна изградбата на интерконекторот за гас со Грција. Инвестицијата е процената на 60 милиони евра и треба да овозможи стабилно снабдување со овој природен енергенс, пониски цени за индустријата и домаќинствата, но и поголема конкурентност на домашните компании...

Во близината на Демир Капија започна изградбата на гасоводот, кој треба да ја поврзе Македонија со Грција, во должина од 67 км. Со тоа земјава би била енергетски помалку зависна, компаниите би имале поголема конкурентност. Вредноста е 3,7 милијарди денари, средства од Европската унија и Европските банки.
Започна изградбата на цевководот кој треба да ја поврзе Македонија со Грција и по завршувањето, земјава да стане дел од Европската енергетска мрежа. Ова е капитален и значаен проект за македонското стопанство и економија. Бенефитите од гасоводот се стабилно снабдување на индустријата, пониски цени за домаќинствата, поголема конкурентност за компаниите.
Кумановската компанија „Рапид билд“, на јавен повик ја доби изградбата на цевководот. Тој треба да заврши во период од 22 месеци, доколку не се јават проблеми во текот на изведбата. Неговата должина од близината на Демир Капија до грчката граница е 67 км, со цевки профил од 720 мм. Неговиот капацитет за почеток ќе биде 1,5 милијарда метри кубни природен гас годишно. Вредноста на проектот е 3,7 милијарди денари, или 60 милиони евра, средства обезбедени од Европската Инвестициска банка и Европската Банка за обнова и развој.
Изградбата на цевководот за природен гас кон Грција, треба да овозможи на Македонија пристап до терминалот Александрополис од каде заедно со државите од Централна и Југоисточна Европа би се снабдувала со природен гас од Азербејџан.
Петар Печков
