Македонија
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со пожарите
09.07.2025 18:35
Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата...

Претседателката, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.
Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата.
Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман.
Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани.
