38 лица затруен со салмонела во Прилеп
38 работници во фабрика во Прилеп се затруле од салмонела откако од исто место консумирале иста храна. Тројца завршиле во болница. Институтот за јавно здравје откри дека во јуни добиле пријава за епидемија во овој град...

Епидемијата со труењето на 38 работници од третата смена во една прилепска фабрика за среќа помина без големи последици за работниците. Дел заболени имале потешка клиничка слика со температура, повраќање, дел со болки во стомакот, но сите се излекувале.
Епидемиолозите дознале дури по шест дена, по анонимна дојава. Можеле само да утврдат дека се затруле од доставената храна и причинител била салмонелата. Изворот не е пронајден.
Салмонелата, главно е во месото, јајцата, млечните производи.
Епидемиолозите со препорака: задолжително добра термичка обработка на храната, најмногу месото и да не се чува на собна температура.
Опасноста од затруена храна демне цело лето.
Елизабета Митреска
