ЦУК: Активни девет пожари низ земјата, под контрола четири
Претседателката, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите, а војската беше распоредена кај критичните точки. Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата...

Според последниот извештај од утрово на Центарот за управување со кризи, активни се 9 пожари низ земјата, под контрола се 4, а локализиран е еден. Претседателката, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите, а војската беше распоредена кај критичните точки. Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата. Во Крива Паланка, беше пронајдено тело кое е втора жртва од пожарите кај нас.
Најголем дел од чадот во Скопје доаѓаше од Визбегово, каде што избувна пожар во отпад за старо железо. Авион и хеликоптер се вклучија во гаснењето, жителите се евакуирани. На терен, физичка пресметка при приведувањето на сопственикот. Ветерот носи закана за Николич, огнот однесе 300 хектари шума. Опасност над оранжериите и домовите во Дојран.
