Масовен руски напад втора ноќ по ред
Експлозии одекнуваа цела ноќ, има жртви и повредени. Американскиот претседател разгледува испраќање на уште еден ракетен систем патриот во Украина...

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, при што Киев е најтешко погоден. Експлозии одекнуваа цела ноќ, има жртви и повредени. Американскиот претседател разгледува испраќање на уште еден ракетен систем патриот во Украина. Изјавата следува во момент кога Трамп потврди дека ќе испрати повеќе одбранбено оружје во Киев, наспроти потегот на Пентагон една недела претходно, со кој беа прекинати некои испораки.
„Украина побара патриот. Ќе го разгледам тоа, но многу е скапо.Штета е што мора да трошиме толку многу пари за војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Тоа е ужасна војна.Многу тажно. Знаете, кога зборуваме за таков систем, многу софистициран, огромна количина пари, и тие го прават тоа затоа што сакаат да спречат смрт. Тие се силно погодени.значи, ние го разгледуваме тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Папата Лав 14 на средбата со украинскиот претседател Зеленски повторно побара разговорите за прекин на огнот меѓу Киев и Москва да се одржат во Ватикан.
