Македонија

Црвениот крст на РСМ одбележува 80 години од своето формирање

10.07.2025 08:32

По повод јубилејот на организацијата, обраќање ќе има и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски...

Црвениот крст на Република Северна Македонија денес ќе прослави 80 години од своето формирање. По повод јубилејот на организацијата, обраќање ќе има и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Премиерот ќе оствари средба со генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, како и со волонтерите, од кои ќе биде информиран за дел од активностите на организацијата.

Во центарот на дискусијата ќе биде значењето на Црвениот крст во поттикнувањето на човечноста и едногласноста, актуелните дејствувања на организацијата, а посебен акцент, како што соопштија од Црвениот крст на РСМ, ќе биде ставен на неодамнешната хуманитарна реакција по пожарот во Кочани.

„Во знак на благодарност за поддршката и афирмацијата на хуманите вредности, генералниот секретар Саит Саити ќе му врачи на премиерот Мицкоски признание — Медал на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата“, соопштија од Црвениот крст на РСМ.