ГЕРМАНИЈА

Руте ја потенцира заканата од Русија и Кина

10.07.2025 08:52

На 70-годишнината од приклучувањето на Германија кон НАТО, генералниот секретар на Алијансата Руте и германскиот канцелар Мерц ја истакнаа заканата што ја претставуваат Русија и Кина...

На 70-годишнината од приклучувањето на Германија кон НАТО, генералниот секретар на Алијансата Руте и германскиот канцелар Мерц ја истакнаа заканата што ја претставуваат Русија и Кина.

„Претседателот на Кина и генерален секретар на комунистичката партија, пред да го нападне Тајван, прво ќе се јави во Москва. Неговиот најмлад партнер во сето ова, еден Владимир Владимирович Путин, за да го замоли да не држи зафатени во овој дел од Европа“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Важна е обврската на европските сојузници и Канада да ги ребалансираат одбранбените трошоци со САД. Самитот во Хаг постави темели за посилно и поправедено НАТО, истакна Руте.