АМСМ

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките Орман до Мирковци и на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка

10.07.2025 08:53

Утрово во 06:00 часот сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е нормализиран во двата правци. Сообраќајот кон ГП-Блаце е пуштен за сите видови возила. Сообраќајот на обиколница Скопје е нормализиран во двата правци...

Утрово во 06:00 часот сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е нормализиран во двата правци. Сообраќајот кон ГП-Блаце е пуштен за сите видови возила. Сообраќајот на обиколница Скопје е нормализиран во двата правци.

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез од државата време на чекање изнесува 15 – 20 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.