АСЕАН

Во Малезија состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН

10.07.2025 10:28

Дипломатскиот собир во Куала Лумпур опфаќа серија состаноци со главните трговски партнери на АСЕАН, вклучувајќи ги САД, Кина, Јапонија, Русија, Индија и Европската Унија, закажани за денес и утре...

Во Малезија состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН.

Дипломатскиот собир во Куала Лумпур опфаќа серија состаноци со главните трговски партнери на АСЕАН, вклучувајќи ги САД, Кина, Јапонија, Русија, Индија и Европската Унија, закажани за денес и утре. На состанокот присуствува и американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Кинеското МНР повика на порамноправен светски поредок изграден врз мултиполарна и инклузивна соработка.