Штета...
Се чинеше дека барем на овој турнир по пропуштените два мастерси од серијата 1000 во Торонто и Синсинати, дека УС опен ќе биде местото каде ќе биде збрана целата тениска елита...

И дефинитивно Рафаел Надал нема да го брани тронот на последниот грен слем за годинава американскиот.
Се чинеше дека барем на овој турнир по пропуштените два мастерси од серијата 1000 во Торонто и Синсинати, дека УС опен ќе биде местото каде ќе биде збрана целата тениска елита. Но, повредата на зглобот на десната рака на Надал се покажа како не така наивна. И покрај тоа што Рафа веќе две недели е во лесен тренажен процес, лекарската вчерашна контрола мина со лоша вест за шпанецот и неговите фанови.
„Навистина ми е многу тешко што нема да бидам дел од турнирот каде во последните три години сум дел од финалето. Но ситуацијата е таква, каква е и морам тоа да го прифатам“, вели вториот светски тенисер.
Вака се отвора голема можност Ѓоковиќ крајот на годината повторно по една пауза, да ја заврши како најдобар тенисер на планетата Земја. Во моментов србинот има предност од 2100 бода пред шпанецот, а во Њу Јорк ќе брани 1300 бода.
