Македонија

Мониторинг на националните паркови, превенција од пожари

10.07.2025 16:09

Засилен мониторингот и во националните паркови. Меѓу полициските, противпожарните екипи и граѓаните од околните места. Евидентирани критичните зони со ризик од пожари …

Со патроли чувари, гранични полицајци, пожарникари експерти, ќе се превенира од пожари и нелегални активности во околните населени места во националните паркови Шара, Шари,Маврово и Кораб – Коритник кои заедно ја сочинуваат најголемата заштитена зона во Европа. Македонскиот тим тргна од пасиштата кај с. Жировница и испешачи над 10 км, а албанскиот од бачилата на Илница до пасиштата над с. Рабдишт – со испешачени околу 8.5 км.

На заедничката средба беа евидентирани и критични зони со ризик од пожари за да се прави постојан надзор а ќе се превенира нелегалното берење лековити растенија, за заштита на листовите од боровинка, корените од салеп, примулата и др.

Заеднички патроли ќе има во периодот јуни – септември 2025 како активности финансирани од ПОНТ а во партнерство на невладини организации од Дебар, ЦОРЗ и ЛАГ туристичка.

 

Фиљана Кока