Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско
Врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект-ноќен бар во с. Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с. Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој...

Вчера во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект-ноќен бар во с. Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с. Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.
При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р. Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто така, во угостителски објект-ноќен клуб во с. Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од с. Добридол, затекнати се две државјанки на Р. Албанија, на возраст од 33 и 36 години.
Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.
