Во Европскиот парламент гласање за недоверба за Фон дер Лајен
Предлогот за недоверба е поддржан од 74 европратеници, а го поднесе романски европратеник од групата Европски конзервативци и реформисти...

Во Европарламентот гласање за недоверба за претседателката на комисијата Фон дер Лајен, за аферата „Фајзергејт“. Предлогот за недоверба е поддржан од 74 европратеници, а го поднесе романски европратеник од групата Европски конзервативци и реформисти.
Главното обвинување во импичментот е недостигот од транспарентност и лошото управување во контекст на пандемијата на коронавирусот. Имено, Фон дер Лајен преговарала директно со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, за купување на 1,8 милион дози вакцини, во вредност од 26 милијарди евра.
Фон дер Лајен ги обвини подносителите дека се служат со стари рецепти на екстремисти, дека се антиваксери и дека се обожаватели на Путин.
