МВР

Во период од шест часа 232 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на цела држава

10.07.2025 18:19

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 232 возачи, информираат од МВР.

Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. За време на контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.