Јапонци за пет години ќе разработат метода за рано дијагностицирање рак преку анализа на крвта

19.08.2014 11:23

Методот ќе помогне и за рано откривање на дегенеративни заболувања, како што е Aлцхајмеровата болест...

Јапонскиот национален центар за карцином планира за пет години да разработи метода за рано дијагностицирање на 13 видови рак со помош на обична анализа на крвта.

Методот ќе помогне и за рано откривање на дегенеративни заболувања, како што е Aлцхајмеровата болест.

Станува збор за анализа на миро рибо нуклеинската киселина чие зголемување се претпоставува дека е знак за развој на карционом.

Во проектот ќе учествуваат 65 илјади пациенти, избрани од Јапонскиот национален центар.