Македонските градежници договориле работа во странство во вредност од 98,3 милиони евра
Забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина...

Македонските градежни компании во првите шест месеци од годинава договориле работа во странство во износ од над 6 милијарди денари (околу 98,3 милиони евра), што е за 27,7% повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од скоро 617 милиони денари, што е за речиси 42 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Хрватска и Франција се јавуваат како нови пазари.
