МНР

Во МНР врачен протест на бугарскиот амбасадор

10.07.2025 17:43

Во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија денеска беше повикан на разговор бугарскиот амбасадор во земјава Жељаско Радуков при што му е предаден официјален протест....

Во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија денеска беше повикан на разговор бугарскиот амбасадор во земјава Жељаско Радуков при што му е предаден официјален протест.

МНР најостро реагира и очекува официјално извинување од Софија по навредливите изјави на бугарскиот министер надворешни работи Георг Георгиев кон претседателот на македонската влада и кон институциите на нашата држава, емитувани денеска во утринската програма на бугарската телевизија.

Изјавите во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава претставуваат повреда на принципите на меѓународното право и на дипломатската комуникација, се вели во реакцијата на министерството во кое се наведува и дека тие не придонесуваат кон унапредување на добрососедските односи, туку се спротивни на конструктивниот дијалог и заложбите за соработка меѓу двете земји.