Усвоен пакетот закони за администрација
Во Собранието беа усвоени пакетот закони за администрацијата кои се дел од акцискиот план на Министерството за јавна администрација и роковникот за европската агенда.

Со европско знаменце во Собранието беа усвоени пакетот закони за администрацијата кои се дел од акцискиот план на Министерството за јавна администрација и роковникот за европската агенда.
Тие подолг период беа во извештаите на Европската комисија. Станува збор за законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор, законот за стручно усовршување и обука на административците. Според најавите нивната имплементација стартува од први јануари идната година. Со нив треба да се обезбеди модерна, мотивирана, ефикасна и администрација, ослободена од партиски стеги, со поригорозни вработувања.
Засега надлежните не планираат да има отпуштања на административните службеници кои се вишок или не се појавуваат на работа.
