Пожарите ставени под контрола
Состојбата со пожарите ставена под контрола. Активни се 7 пожари на територијата на земјава, 27 пожари кои беснееја на повеќе локации се изгаснати.

Состојбата со пожарите ставена под контрола. Активни се 7 пожари на територијата на земјава, 27 пожари кои беснееја на повеќе локации се изгаснати. Сè уште гори во Општина Чучер Сандево меѓу селата Блаце и Горњани, во Општина Прилеп гори мешана шума над селото Бешиште, во Општина Македонски Брод има пожар меѓу селата Црешново и Локвица, во село Крапа гори нискостеблеста шума.
Сè уште е активен и пожарот во дојранското село Николич, пожар има и во Општина Чашка под Солуска глава, како и во Тетово кај бензинската пумпа. Под контрола се држат пожарите меѓу селата Рамен и Ковче, село Слатина во Македонски Брод, како и во делчевско.
