Интервентни мерки против загадувањето

17.12.2013 16:23

Владата обелодени интервентни мерки против загадувањето во четири градови во земјава, во Скопје, Битола, Кичево и Тетово. Од утре бремените жени и лицата над 60 години возраст не треба да одат на работа. Работниците , особено во градежништвото  треба да избегнуваат работа на отворено, а работното време за нив  е регулирано од 11 до 17 часот. Наставата во градинките,  во основните и во средните  училишта  исто така не треба да се одвива на отворено. Центрите за социјална помош, Црвениот крст и другите специјализирани установи да ја зголемат грижата за бездомниците.

Владата обелодени интервентни мерки против загадувањето во четири градови во земјава, во Скопје, Битола, Кичево и Тетово. Од утре бремените жени и лицата над 60 години возраст не треба да одат на работа. Работниците , особено во градежништвото  треба да избегнуваат работа на отворено, а работното време за нив  е регулирано од 11 до 17 часот. Наставата во градинките,  во основните и во средните  училишта  исто така не треба да се одвива на отворено. Центрите за социјална помош, Црвениот крст и другите специјализирани установи да ја зголемат грижата за бездомниците. Овие мерки се во сила до сабота кога Владата повторно ќе ја разгледа метеоролошката состојба во земјава, по  што е можно и нивно продолжување.