Дискусии за мир во Украина, на фронтот битките продолжуваат
САД и Русија разменија нови идеи за мировните преговори во Украина, но тоа не значи дека одат напред кон постигнување договор, велат во Стејт департментот...

САД и Русија разменија нови идеи за мировните преговори во Украина, но тоа не значи дека одат напред кон постигнување договор, велат во Стејт департментот. Изјавата доаѓа откако државниот секретар Рубио разговараше со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Малезија на маргините на состанокот на АСЕАН. Претседателот Трамп објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник.
„Разбираме дека овие работи бараат време и трпение, но очигледно сме и фрустрирани што не е постигнат поголем напредок. И иако нема да зборувам или да ги карактеризирам разговорите на секретарот со Лавров или кое било друго лице, јасно е дека ова е дел од носењето одлуки за тоа што е потребно за да се запре ова лудило“, изјави Тами Брус, портпаролка на Стејт департментот.
Кремљ и натаму инсистира дека продолжувањето на испораките на оружје меѓу САД и Украина и по острата реторика од Трамп нема да ги запрат мировните преговори меѓу Москва и Киев. Тензиите растат поради зголемените напади врз украинските градови.
