Наскоро се очекува примирје Израел - Хамас
Во регионот на Блискиот Исток патува специјалниот пратеник Виткоф со цел продолжување на дијалогот Израел – Хамас и воспоставување 60-дневно примирје...

Израелскиот премиер уверува дека Тел Авив работи на ослободување на половина од заложниците – во замена за 60-дневен привремен прекин на огнот со Хамас. Нетанјаху, исто така, рече дека неговата влада е подготвена да преговара за траен прекин на огнот откако примирјето ќе стапи на сила, но ќе се врати во војна доколку тоа не се постигне.
„На почетокот на овој прекин на огнот, ќе започнеме преговори за трајно завршување на војната, што значи траен прекин на огнот. За да се постигне ова, мора да се направи се според минималните услови што ги поставивме: Хамас да го положи оружјето, Газа да биде без оружје, Хамас повеќе да нема никакви владини или воени капацитети, ова се нашите основни услови. Ако ова може да се постигне преку преговори, тоа е подобро“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Во регионот на Блискиот Исток патува специјалниот пратеник Виткоф со цел продолжување на дијалогот Израел – Хамас и воспоставување 60-дневно примирје.
