Инвестиции
Турската фирма „Чагатај кабло“ ќе отвори нов објект во ТИРЗ „Бунарџик“
11.07.2025 09:11
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека станува збор за дополнителен влог од шест милиони евра и 200 нови работни места...

Турската фирма „Чагатај кабло“ ќе отвори нов објект во ТИРЗ „Бунарџик“, а денес ќе биде удрен камен-темелникот.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека станува збор за дополнителен влог од шест милиони евра и 200 нови работни места. „Имаме инвестициски процес во периодот што следи“, потенцираше тој.
„Нова инвестиција ќе има утре, „Чагатај кабло“ која веќе функционира кај нас, но ќе најават проширување, дополнителна инвестиција од 6 милиони евра. Ќе направат нов погон во кој ќе го прошират својот асортиман, а утре е поставувањето на камен-темелникот“, истакна вчера Мицкоски.
