Одбележување
Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница
11.07.2025 09:53
Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари се одбележува 30-годишнината од геноцидот во Сребреница...

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари се одбележува 30-годишнината од геноцидот во Сребреница.
Според медиумите од Сараево на настанот се очекува присуство на лидери од повеќе земји.
Генералното собрание на Обединетите нации минатата година го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
