Фудбал

Македонската репрезентација со пет места подобар пласман на ФИФА ранг листата

11.07.2025 11:08

Македонската репрезентација е на 62-та позиција на јулската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), што е за пет места подобар пласман од претходната листа...

Македонската репрезентација е на 62-та позиција на јулската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), што е за пет места подобар пласман од претходната листа, објавена во април.

Во периодот помеѓу две ранг-листи на ФИФА, црвено-жолтите освоија вкупно 15,21 поени, со нерешениот резултат со Белгија дома (1-1) и со победата на дуелот со Казахстан на гости (1-0), во натпреварите одиграни во јуни, во квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) в година во САД, Мексико и во Канада.

На најновата листа на Светската фудбалска федерација нема промени меѓу водечките пет репрезентации во однос на рангирањето во април, па, така, прва е Аргентина, пред Шпанија, Франција, Англија и пред Бразил.