Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември
Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска...

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска.
Одбраната, пред почетокот на денешното рочиште, достави дополнение на докази со кои се спорат вештачењата на Обвинителството.
Адвокатот на Нино Васев, до Судот доставил дополнителен доказ, со кој, како што наведе, се докажува дека лицето Маја Радник, нема статус на лице судски вештак во Словенија.
Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.
