ИРАК

Борците на ПКК почнаа да го полагаат оружјето

11.07.2025 12:26

Групата во мај годинава реши да се распушти и да го положи оружјето во корист на транзиција кон демократска политика...

На церемонија во планинска област на ирачката покраина Сулејманија, борците на Курдистанската работничка партија почнаа да го предаваат оружјето на повеќе од четири децении вооружена борба против Турција.

Групата во мај годинава реши да се распушти и да го положи оружјето во корист на транзиција кон демократска политика.

ПКК е прогласена за терористичка организација од Турција и нејзините западни сојузници.