КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ
Заедничка воена вежба на САД, Јужна Кореја и Јапонија
11.07.2025 15:07
Трите земји организираа воздушни маневри над меѓународните води покрај јужниот остров Чеџу во Јужна Кореја...

САД, Јужна Кореја и Јапонија одржаа заедничка воена вежба во знак на демонстрација на сила против Северна Кореја.
Трите земји организираа воздушни маневри над меѓународните води покрај јужниот остров Чеџу во Јужна Кореја. Вежбата беше спроведена и со нуклеарни бомбардери од САД со цел да се подобрат капацитетите за одвраќање и одговор против нуклеарни и ракетни закани од Пјонгјанг.
