МВР

Пукање во Батинци, едно лице починало

11.07.2025 12:59

Денеска околу 10:15 часот во СВР Скопје, М.Е. пријавил дека на влезот на с. Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош...

Во денешното пукање на влезот во селото Батинци убиен е припадник на АРМ.

Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје, М.Е. пријавил дека на влезот на с. Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, соопшти МВР.

Околностите под кои настанал инцидентот засега не се познати, а надлежните органи започнаа истрага за расветлување на случајот. Полицијата изврши увид на терен, а се работи на мотивите зад пукањето.