МНР

Бугарското МНР реагира на реториката на македонските власти

11.07.2025 13:52

Бугарското МНР реагира на реториката на македонските власти, вчерашната изјава на премиерот Мицкоски според нив е некомпатибилна со елементарни норми на дипломатскиот и политичкиот дијалог...

Се заострува политиката Скопје – Софија. Бугарското МНР реагира на реториката на македонските власти, вчерашната изјава на премиерот Мицкоски според нив е некомпатибилна со елементарни норми на дипломатскиот и политичкиот дијалог.

А Министерството за надворешни работи, вчера побара од министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев извинување поради тоа што во интервју за бугарски медиум се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, зборувајќи за премиерот Мицкоски, кој го нарече „северномакедонски“ премиер.