Македонија

Остри тонови меѓу Скопје и Софија

11.07.2025 16:36

Заострува реториката меѓу Скопје и Софија. Бугарија се налути откако премиерот Мицкоски го нарече нивниот шеф на дипломатијата Георгиев момче кое настапува како глушец што задева лав. Желљазков бара извинување, власта гледа софиска агенда за бришење на идентитетот и јазикот.

Се заострува реториката меѓу Скопје и Софија. Откако бугарскиот министер за надворешни работи Горгиев го именуваше Мицкоски со северномакедонски премиер, а шефот на македонската влада му возврати дека глушецот добил наредба да го задева лавот, бугарскиот премиер Жељасков побара извинување. Претходно реагираше и бугарското МНР, со обвинување за непочитување на принципите за добрососедство.

„Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на познавачите на Езоп. Р:С Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни преземените обврски“, изјави Жељасков.

И Скопје не мирува. По изјавите на Георгиев, во нашето МНР беше повикан бугарскиот амбасадор за да му се изрази протест.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија претходната власт дека ја довела земјава во подредена улога, но ја опоменаа и Софија за обид за бришење на нашиот идентитет и јазик.

И додека Македонија останува посветена на евроинтегративниот пат, Бугарија ликува по бришењето на македонскиот јазик и нација од Извештајот во Европарламентот. Премиерот Мицкоски вели нема незрело да се однесуваме, уште посилно и посветено ќе работиме на реформите. Осуда за изјавата на бугарскиот министер стигна и од лидерот на социјалдемократите Филипче, кои вели не е во духот ниту на демократските ниту на цивилизациските вредности.

 

Миле А. Ристески