Пожарот во Дојран под контрола – нема негативно да влијае врз туризмот
Петти ден како гори кај Николич Дојранско. Изминативе денови таму се гаснеше од копно и од воздух. Пожарот е ставен под контрола и нема опасност по селото но колку ќе му наштети на туризмот во Дојран...

Пожарот кај Николич е сè уште активен, но не претставува реална опасност за имотите во селото кое петти ден живее во надеж дека конечно ќе биде изгаснат. Таму се гаснеше од копно и воздух а дежурни екипи сè уште се на терен кои го контролираат.
За градоначалникот на Дојран, пожарот нема да му наштети на туризмот во Дојран кој секојдневно се полни со домашни и странски туристи.
Во гаснењето на пожарот освен домашните сили учествуваа и два противпожарни канадери до соседна Грција. Пожарот се симна и до селото Николич и околните имоти.
Ване Трајков
