Два големи градежни проекти се во најава во источниот регион
Со средства од унгарскиот кредит во Кочани ќе се гради Дом за стари лица, а со средства од Обединетото кралство во Штип ќе се гради Студентски дом и Медицински факултет на УГД.

Од унгарскиот кредит одобрени околу 200 милиони денари за изградба на Дом за стари во Кочани. Се работи за проект кој на реализација чека 15 години. Со капацитет за околу 300 лица, треба да го реши проблемот на шест општини од истокот. Локацијата е излезот од Кочани кон Виница. Домот е проектиран како најсовремен со сите услови за престој и лекување на старите лица
Освен старите лица, проблем со сместување со години имаат и студентите во Штип. Во најава е изградба на современ студентски дом со капацитет за двеста студенти на УГД, на локација близу Клиничката болница. Таму ќе се гради и најсовремен објект за студентите на медицинскиот факултет на УГД
Студентскиот дом и Медицинскиот факултет во Штип ќе се реализираат со средства од договорот со Обединетото Кралство. Стартот на изградба на овие објекти не е утврден, во моментот се работи на проектирање на објектите.
Славица Величковска
