Нова инвестиција во Бунарџик
Почна изградбата на новиот погон за турската фабрика „Чагатај Кабло“ во технолошко индустриската зона Скопје 1. Инвестиција од шест милиони евра.

Поставен камен-темелник на новиот погон на турската фабрика за производство на кабли за автомобилската индустрија „Чагатај Кабло“ во технолошко-индустриската развојна зона „Бунарџик“.
Станува збор за инвестиција од шест милиони евра и 200 нови вработувања. Овој погон е двојно поголем од постоечкиот и ќе простира на површина од 10.000 квадратни метри.
Инвестициите се пример како се создава економски раст не со зборови, туку со дела. Целта е Македонија да биде земја на можности, каде ќе се вреднува трудот порача премиерот Мицкоски. Додаде дека во првиот квартал БДП пораснал за 3,2 отсто, извозот за 3,15, а индустриското производство се зголемило за 9,4 отсто.
Расте бројот на инвестициите, се враќа довербата кај инвеститорите вели директорот на ТИРЗ. Според него оваа инвестиција ќе донесе нови технологии, знаења, искуства и можност професионален развој.
За следна недела се најавува нова инвестиција во ветерниот парк кај Штип.
Александра Велинова
