Огнена стихија

ЦУК објави мапи со детектирани точки кои се потенцијални жаришта за пожари

11.07.2025 15:50

Под висок ризик од пожари се централниот дел од Македонија и кумановскиот регион. Сите институции се мобилизирани, а на терен се пожарникари, шумска полиција, ЦУК и локалното население. Неколку пожари и натаму активни...

Под висок ризик од пожари се централниот дел од Македонија и кумановскиот регион. ЦУК објави мапи со детектирани точки кои се потенцијални жаришта за пожари.

Сите институции се мобилизирани, а на терен се пожарникари, шумска полиција, ЦУК и локалното население.

Неколку пожари и натаму активни, продолжи да гори во Дојран, кај селото Николич, во Чашка под Солунска глава, Куманово, Македонски Брод.

По повеќе од 12 дена под контрола пожарот кај Мариово. Прилепските пожарникари бореа со огнот на депонијата кај Дебреште.

Врз основа на мапата што го прикажува индексот на ризик од пожари, освен централниот дел, ризично е и во остатокот од државата, особено околу Шар Планина. Надлежните апелираат на внимателност.

 

Борис Грујоски