Поблиска соработка помеѓу Агенцијата за филм и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги

19.08.2014 12:52

Со потпишаниот меморандум се овозможува вмрежување и преземање конкретни активности од заеднички интерес со цел развој на филмската дејност, подршка за телевизиско емитување нови филмски остварувања...

Агенциите за филм и за аудио и аудио визуелни услуги ќе ја зајакнуваат соработката. Со потпишаниот меморандум се овозможува вмрежување и преземање конкретни активности од заеднички интерес со цел развој на филмската дејност, подршка за телевизиско емитување нови филмски остварувања и заштита на малолетната популација.

„Агенцијата за филм оваа година почнува со евиденција на филмови кои што се дистрибуираат во Македонија, кои што се снимаат во Македонија и е во подготовка изработка на он-лајн дата база на која ќе бидат достапни информациите за сите филмови кои што дистрибутерите од Македонија ги дистрибуираат во Македонија и оние кои што сакаат да ги прикажуваат ќе можат лесно да видат кои филмови се веќе достапни за прокажување“, изјави директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески.

Според директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, Зоран Трајчевски, оваа соработка сигурно ќе биде интересна за радиодифузерите во земјава, бидејќи ќе се олесни можноста да ја остварат својата обврска да емитуваат изворно создадена програма и дела од независни продуценти.

„Денеска со Агенцијата за филм се договараме како да го поддржиме телевизиското емитување на филмски проекти и на оние кои веќе постојат“, нагласи Трајчевски.