Лишено од слобода лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
11.07.2025 21:01
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител...

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61) од с.Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
