Индија

Прекин на снабдувањето со гориво, причината за падот на авионот на „Ер Индија“

12.07.2025 10:33

Прекинувачите за контрола на горивото за моторите на авионот „Ер Индија“ што се урна минатиот месец, биле преместени од позиција „работи“ во позиција „прекин“, неколку моменти пред ударот, со што двата мотора останале без гориво, се вели во прелиминарниот извештај од истрагата...

Прекинувачите за контрола на горивото за моторите на авионот „Ер Индија“ што се урна минатиот месец, биле преместени од позиција „работи“ во позиција „прекин“, неколку моменти пред ударот, со што двата мотора останале без гориво, се вели во прелиминарниот извештај од истрагата.

Од Бирото за истрага на авионски несреќи, исто така, посочуваат дека двајцата пилоти биле збунети околу промената на поставката на прекинувачот.

Во несреќата загинаа 260 луѓе, вклучувајќи 19 на земја. Само еден патник преживеа.