Битола

Во Битола недостиг на стручен кадар во угостителството

12.07.2025 19:16

Многу работа, па самечки живот во тесна соба, вакво било искуството на битолчанката Дијана Петанчевска која неколку сезони си ја пробувала среќата готвејќи крај море во хрватскиот град Пула. И покрај предизвиците, таа се врати во родниот град.

Седумнаесетгодишниот Дарко учи во средно медицинско училиште. Во слободно време работи келнер за сопствена заработувачка.

Битола е град со богата културна и туристичка понуда и се поголем број туристи.

А, тоа значи  голема потреба од  угостителски персонал.

Од „Еснаф“, Здружение за угостителство и туризам,  проблем  лоцираат во недостиг на стручен кадар.

А во СОУ „Таки Даскало“ уште има слободни места за упис при третиот уписен рок во секторот „Угостителство и туризам“.

Битола засега брои околу 230 угостителски објекти.

Ружица Ѓоршевска