Прилеп

Жетвата почна, производителите бараат откупувачите да го почитуваат договореното

12.07.2025 12:10

Се жнее пченицата. Родот се оценува како поквалитетен со поголемо производство. Производителите реагираат дека откупувачите не стојат на договореното од 12 денари и транспортни трошоци. За стимул и намалување на зависноста од увоз, се преговара за по 4 денари од државата...

Лебното зрно е поквалитетно и родот е подобар. Очекуваме околу 280 000 тони. Производството е поголемо, иако приносите на пченицата не се според очекувањата, оценуваат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери. Вниманието е свртено кон цената.

Иако пред жетвата со откупувачите е договорена цена од 12 денари плус транспортни трошоци, тој договор не се почитува

Решено е складирањето во овластени силоси, но уште е отворено прашањето за дополнителните 4 денари по килограм

Стимул за производството на лебното зрно ќе биде да не се увезува додека не се потроши домашното производство.

Елизабета Митреска