Здравство

На државен трошок ќе се прават шест ин витро оплодувања, скратено и времето за одлучување

12.07.2025 12:30

Наместо досегашните три, ин витро пациентите во иднина ќе добиваат шест бесплатни обиди за да зачнат потомство. Ова го предвидуваат усвоените измени на Законот за здравствено осигурување. Партиципацијата се укинува, а се скратува и времето на чекање за добивање ваучер...

Наместо досегашните три, ин витро пациентите во иднина ќе добиваат шест бесплатни обиди за да зачнат потомство. Ова го предвидуваат усвоените измени на Законот за здравствено осигурување. Партиципацијата се укинува, а се скратува и времето на чекање за добивање ваучер, кој отсега па натаму на семејствата ќе им се доставува во дигитална форма. Од 16 илјади родени деца минатата година, околу 1.200 биле медицински потпомогнати зачнувања.

Се олеснува и постапката за лекување во странство. Лани Фондот одобрил 273 лекувања за што се потрошени 488 милиони денари. Пациенти најмногу се испраќани во болниците во Турција и во Германија.

По жалбите од првостепените решенија на Фондот, во иднина ќе одлучува Државната комисија, а не како до сега Министерството за здравство. Исто така оваа институција ќе биде раководена од еден директор, наместо досегашните двајца.

Анита Димитријевска – Велковска