Активни три пожари, пет се под контрола
Македонија е сè уште под закана на пожарите, гори во Дојран, Велес и Македонски Брод, а под контрола се пет меѓу кои и оние од подрачјето на главниот град. Премиерот со тврдење дека има индиции и основани сомневања за намерно организирани активности. Доколку се докажат предупреди дека за некои лица нема да биде добро.

Македонија е сè уште под закана на пожарите, гори во Дојран, Велес и Македонски Брод, а под контрола се пет меѓу кои и оние од подрачјето на главниот град. Премиерот со тврдење дека има индиции и основани сомневања за намерно организирани активности. Доколку се докажат, предупреди дека за некои лица нема да биде добро.
Во билтенот на МВР, последниот случај е за 61 годишник од с. Огњанци кој палел сува трева и ѓубриште кај старата депонија. Истиот е лишен од слобода.
Јавното обвинителство пак брифира дека се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи во врска со пожарот на депонијата во Визбегово
„Прибавена е и целокупната документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за да се извршат разговори со лица за да се утврди, каков точно отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските прописи и дозволи за работа“, велат од ОЈО,
Од активните пожари фокусот е ставен на пожарот во Дојран кај с. Николич, вели Ангелов
Властите забранија движење во шуми, освен за лицата на кои им се издадени дозволи со цел да се превенира од пожарите. Постојано се апелира до граѓаните да не фрлаат догорчиња од цигари и да не палат огин.
Изгаснатите пожари се однесуваат на повеќе локации со ниска вегетација, отпад, депонии едно домаќинство, а интервенции се вршеле и кај населени места, патишта и објекти во повеќе населени места.
Фиљана Кока
