Јанакиески: Да не се чека последен рок за легализација- граѓаните и компаниите да изготват елаборати

19.08.2014 13:18

Ресорниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески апелира до граѓаните да не се чека последниот рок и што поскоро да ги достават документите за легализација...

Во општина Ѓорче Петров се доделени нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Во општината досега се поднесени над 13 илјади барања за легализација на дивоградбите, а досега се решени 3 илјади и 500-ни.

Ресорниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески апелира до граѓаните да не се чека последниот рок и што поскоро да ги достават документите за легализација.

„Граѓаните и компаниите мора да ги изготват елаборатите кои се по исклучително ниска цена, помалку од едно евро. Крајниот рок за доставување веќе го продолживме, до 31 декември 2015 година. Дотогаш има доволно време, но не треба да се чека последниот ден“, рече Јанакиески по врачувањето на решенијата за легализација во Општина Ѓорче Петров.

Од Јанакиески потсетување и до корисниците на социјална помош дека  можат да ги достават барањата до катастарот зашто рокот е во тек.