Руски дронови во близина на границата со Полска и во правец кон Романија
Тотален хаос во Украина откако бран од 600 руски дронови и 30-на ракети го погодија западот на земјата. На мета беа места далеку од боиштата, овојпат на запад во близината на границата со Полска. Но и во правец кон Романија. На удар беа Чернивци, Лавов, Луцк. Во Северна Кореја рускиот шеф на дипломатијата и се заблагодари на колешката Чои Сон Хуи за помошта на Пјонгјанг во ослободувањето руските територии во Украина.

Нема веќе безбедност на целата територија на Украина. Бран од 600 руски дронови и 26 крстосувачки ракети го погодија западот на земјата, покренувајќи тревога во полска и во Романија. Москва ја продолжува психолошката операција со ерозија на моралот на населението. Секојдневниот звук на експлозивните беспилотни летала влеваат страв. Овојпат низ улиците во Лавов, чернишевци, Луцк.
„Побегнавме подлабоко во засолништето, на улиците експлодираа дроновите. Не бев сигурна дали нашите соседи се засолнија. Кога заврши бомбардирањето, забележав дека и тие успеале да се сокријат“, вели Алиса Волинец - жител на Лавов.
„Удри првпат, потоа вторпат. И потоа зачести. Девојчето до мене го обзеде паника, и помогнав, но воопшто беше страшно и многу непријатно. Прозорците од домот ми се целосно искршени“, вели Дијана - локална жителка.
Украина е очајна поради дефицитот на помошта со оружје и муниција од запад. Иако од вашингтон се навестуваат 10 системи патриот, тоа е сепак бројка од неколку милијарди долари. Зеленски се надева на брзо решение.
„Имаме договори кои треба се остварат во наредните недели. Имаме политички сигнали од сад и од Европа. Со американскиот генерал Келог ќе продолжиме да работиме на испораките, како и со Брисел за новите европски одбранбени пратки. Но бараме и порешителни санкции кон Русија“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
По средбата на Рубио со колегите од Јапонија и Јужна Кореја во Малезија, во Северна Кореја пристигна рускиот министер за надворешни Лавров. Му се заблагодари на Пјонгјанг за воената помош при ослободувањето на руските територии во Курската област.
„Вашите војници се херои, руските и севернокорејските борци ризикувајќи ги сопствените животи речиси целосно го ослободија Курскиот регион од украинските нацисти. Постигнавме воено братство‘, рече Лавров.
На конференцијата во Рим западните лидери ветија 10 милијарди евра за поствоената обнова на Украина.
Зоран Богатинов
