Македонија

На ГП Богородица денеска нема метеж

12.07.2025 17:30

Околу 24 илјади патници регистрираа македонските погранични служби за излез и влез во државата на граничниот премин Богородица во последното деноноќие. Доминираат патниците од Србија кои за Грција одлучиле да патуваат низ Македонија, иако Бугарија е во шенген зона.

Повеќе патници за влез отколку за излез од државата. Ваква беше сликата денеска на ГП Богородица на македонско грчката граница. Во последните 24 часа, границата преку овој премин ја преминале 24.425 патници. Таму е подигната и дополнителна кабина за две ленти за излез од Македонија

Статистиката говори дека низ Богородица поминале околу 20 илјади патници од странство од кои доминираат Србите. Тие одлучиле да патуваат за Грција низ Македонија иако Бугарија е во Шенген зоната

Македонските погранични служби информираат дека преку летото се ставаат сите човечки технички капацитети за да се забрза протокот на патниците со спроведување на задолжителните гранични проверки. Вообичаено зголемени метеж има на почетокот и на крајот од викендите.

Ване Трајков