Кочани

Во Кочани комеморативен настан посветен на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс

12.07.2025 12:18

Попладне во 18 часот и пет минути ќе започне четиринаесеттиот „Марш за ангелите“...

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржува комеморативен настан во организација на Општината, со наслов „Во сеќавање - посветено на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс“.

Вчера градоначалникот Крстевски го откажа концертот за Петровден на барање на родителите на настраданите.

Попладне во 18 часот и пет минути ќе започне четиринаесеттиот „Марш за ангелите“. Семејствата и роднините бараат правда и одговорност за трагичната несреќа.