Кочани

Комеморација за жртвите од „Пулс“ во Кочани

12.07.2025 19:26

Во 18 часот и 5 минути почна четиринаесеттиот „Марш на ангелите“ во Кочани. Со 62 бели балони, колку што животи одзеде стравотниот пожар, во градот беше одржана и комеморација...

Во 18 часот и 5 минути почна четиринаесеттиот „Марш на ангелите“ во Кочани. Семејствата и роднините на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ излегоа на улица да бараат правда и одговорност за смртта на нивните најмили.

Со 62 бели балони, колку што животи одзеде стравотниот пожар, во градот беше одржана и комеморација.

„Отвораме трајно сеќавање на луѓето што ги изгубивме и на болката што ја делиме, но и на човечноста што не обединува. Да ги носиме во срцето сите што заминаа, да ги прегрнеме семејствата што тагуваат. Да си бидеме поддршка едни на други, оваа болка да не направи посилни, посплотени, поединствени. Денес, утре и секој ден потоа“, беше пораката на комеморација.