Прилеп

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

13.07.2025 09:29

Крвава драма синоќа во Прилеп. Вооружен маж убил две лица, меѓу кои и малолетно дете, па потоа се самоубил...

Крвава драма синоќа во Прилеп. Вооружен маж убил две лица, меѓу кои и малолетно дете, па потоа се самоубил.

Според првичните ни информации, вујкото на една од жртвите влегол во домот на своето семејство во населбата Точила и отворил оган. Полицијата наишла на сериозна закана. Напаѓачот бил вооружен, а наводно држел и бомба во раката. Пукал кон полициски службеници.

По неколку часа заложничка драма, специјалците успеале да го неутрализираат напаѓачот, кој сам си го одзел животот.

На местото на инцидентот е извршен увид. Се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со официјални детали за мотивите за трагедијата.